Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 0.4%, соопшти Државниот завод за статистика.
Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, пак бележи пораст од 4.1%, а индексот на цените на мало од 3.6%.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката, посочуваат од таму.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7.2%, Рекреација и култура за 6.4%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.9%, Храна и безалкохолни пијалаци за 5.2%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4.6%, Разновидни стоки и услуги за 3.7%, Облека и обувки, Здравје за 3.1%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.8%, Комуникации за 1.3%, Транспорт за 0.8% и Образование за 0.1%.
Зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.8%, Рекреација и култура за 0.8%, Здравје за 0.7%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5%, Ресторани и хотели за 0.4%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2%, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1%.
Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4% и Облека и обувки за 0.2%.
Трошоците на животот во групите: Образование и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4.1%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7%.
Индексот на цените на мало во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесувал 101.9.
Фото: Унсплеш













