Која е Сузана Јошевска Анастасовска, која Силјановска Давкова ја предложи за член на Судскиот совет

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска и професорката Арлинда Кадри Шахиновиќ се двајцата кандидати кои македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова ги предложи за членови на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јошевска Анастасовска и Кадри Шахиновиќ предложени од Силјановска Давкова за членови на Судскиот совет

За да бидат избрани треба да бидат изгласани од страна на пратениците во македонското Собрание.

Силјановска Давкова може да предложи двајца кандидати од вкупно 15 членови на Советот.

Која е Јошевска Анастасовска

Јошевска Анастасовска е правник со над 22 години професионално искуство во областа на правото, од кои над 20 години ги поминала во континуирана и активна адвокатска пракса.

Таа моментално е актуелна поради тоа што е адвокат на еден од обвинетите во судскиот процес за трагедијата во Кочани.

Има долгогодишно искуство во застапување пред сите нивоа на судови во државата, како и во постапки пред Европскиот суд за човекови права.

Работно искуство

Таа е основач и партнер во адвокатска канцеларија „Станковиќ и Јошевска“ од март 2007 година.

Од април 2004 до септември 2006 година била приправник/стручен соработник/адвокат во адвокатска канцеларија „Панчевски“.

Образование

Дипломирала на Правниот факултет “Јустинијан Први“ при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2002 година.

На истиот факултет завршила и магистерски студии по кривично право.

Во април 2005 година положила правосуден испит.

Зборува англиски и германски јазик.

Член е на повеќе организации од областа на правото.

Фото: Агенда 35/МРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести