Одобрени 10.000 вработувања: Зголемена квотата за странски работници во Македонија

Македонија за годинава ја зголеми квотата за странски работници кои може да работат во земјава на 10.000 работни дозволи.

Како што е познато ангажирањето на странски работници во земјава е на барање на бизнис-заедницата, која континуирано изминативе години се жалеше на недостаток на работна сила.

Одлуката на Владата за зголемување на работните дозволи за странци стапи на сила денеска, а најголемиот дел од квотата – 9.750 дозволи, се наменети за редовно вработување.

За упатени странци ќе можат да се издадат 200 дозволи, а за сезонски ангажмани – 50.

Од овие дозволи 4.500 се за нови работници, а 5.250 се за продолжување на дозволите на веќе вработените странски работници.

Агенцијата за вработување лани дала над 8.500 позитивни мислења за работни дозволи, а Министерството за внатрешни работи одобрило повеќе од 6.000 дозволи за престој на странски работници.

Изминативе пет години бројот на работните дозволи за странци се зголемува, а најчесто работници се ангажираат за градежништвото, преработувачката индустрија, угостителството и трговијата.

Најмногу странски работници во Македонија доаѓаат од Бангладеш, Непал, Индија, Турција, Кина и Филипините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести