Кој ќе “владее„ со Арктик, за кој Русија има интерес

САД сака да го преземе најголемиот остров во светот Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, а Русија пак сака да си ги заштити своите интереси на Арктикот, порачаа од таму пред неколку денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД има интерес за Гренланд, Русија за Арктикот

Што е Арктик?

Арктикот е поларен регион што се наоѓа на најсеверниот дел од земјата.

Арктикот се состои од Северноледениот Океан, соседните мориња и делови од Алјаска (САД), Канада, Финска, Гренланд, Исланд, Норвешка, Русија и Шведска.

Земјиштето во регионот на Арктикот има сезонски различна покривка од снег и мраз, со пермафрост без дрвја (трајно замрзнат подземен мраз) кој содржи Тундра. Арктичките мориња содржат сезонски морски мраз на многу места.

Арктичкиот регион е уникатна област меѓу екосистемите на Земјата. Културите во регионот и домородното население на Арктикот се имаат прилагодено на неговите студени и екстремни услови.

Животот на Арктикот вбројува зоопланктон и фитопланктон, риби и морски цицачи, птици, копнени животни, растенија и човечки општества.

Земјата на Арктикот се граничи со субарктикот.

Користени материјали од mk.wikipedia.org.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД воведе нови царини за осум европски земји, оти се на страната на Гренланд

Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД

Како Гренланд стана дел од Данска

Фото: руско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести