Денеска ќе се одржи конференција „Инвестирање во 2026“ во DoubleTree By Hilton Skopje, со почеток во 17ч.
Конференцијата е во организација на Prime Class, заедница што постојано расте и работи на едукација за инвестирање на берза и менаџирање на портфолија.
Настанот е посветен на резултатите остварени во изминатата година, анализа на пазарите и трендовите за инвестирање во периодот што следи.
„Конференцијата ја организираме за да им покажеме на луѓето како реално функционира инвестирањето, кои се можностите и ризиците, и како да донесуваат попаметни финансиски одлуки во 2026, без празни ветувања и шпекулации, туку со практични примери и јасни насоки,“ велат од Prime Class.
На конференцијата ќе се направи осврт на 2025 анализа на пазарите, донесени одлуки и најважните лекции, потоа ќе има дискусија зошто инвестирањето е клучно за финансиски силна нација, како знаењето, капиталот и долгорочното размислување го градат економскиот напредок и на крај Иван Ивановски ќе говори кои се Топ 5 акции за 2026 конкретни компании и јасно објаснување зошто имаат потенцијал.
Фото/Unsplash














