Еден од најголемите издавачи на деловен простор во Тетово, Интерпромет АД Тетово, на Собрание на акционерите донесе одлука за поделба на Друштвото.
По поделбата ќе постојат две друштва: актуелното – Интерпромет АД за промет на стоки и услуги на големо и мало, кое дел од својот имот и обврски ќе ги пренесе на новото друштво – Трговско друштво Елите рент гроуп ДОО Тетово, информираа од таму преку Македонската берза.
Од Берзата информираа дека поради оваа одлука Интерпромет е ставен на „Листата за набљудување“, што се објавува на веб страницата на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовски Интерпромет откупи сопствени акции













