Системот за видео надзор и автоматско казнување „Безбеден град“ во текот на вчерашниот ден регистрирал вкупно 651 сообраќаен прекршок, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Статистиката покажува дека убедливо најчесто се прекршуваат правилата за ограничување на брзината: 585 прекршоци се за возење побрзо од дозволеното, 50 возачи поминале на црвено светло, а 16 возила биле нерегистрирани.
Како резултат на овие прекршоци, изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило.
Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за да се зголеми безбедноста на патиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ќе се казнува и колкави се казните: Од утре ќе се казнува со „Безбеден град„
Фото: МВР














