Се отвори првиот специјализиран портал за миленици Pets.mk

Во употреба е пуштен првиот специјализиран портал за миленици Pets.mk, чии основачи се новинарите Мери Јордановска и Огнен Чанчаревиќ, долгогодишни активисти за заштита на животните.

Порталот беше отворен со приказната за нивното куче Љиљана, кое го спасиле заедно со нејзиното братче, сѐ уште непрогледани кутриња, исфрлени покрај контејнер со нивната мртва мајка.

Порталот содржи едукативни текстови за грижа на миленици кои се рецензирани и проверени од доктори по ветеринарна медицина, најнови вести од земјава и од светот поврзани со животните, но и многу инспиративни приказни за љубовта меѓу луѓето и нивните миленици.

Pets.mk ја содржи и првата база на податоци – адресар на ветеринари, пет шопови, грумери, пет-френдли локации низ цела Македонија, невладини организации, со сите услуги што ги нудат, со цел граѓаните да имаат побрз пристап до сите услуги за нивните миленици.

„Преку Pets.mk ќе помагаме да се создаде одговорност и свесност кај секој граѓанин за тоа како треба да постапуваме кон животните за да изградиме општество со емпатија, институции кои ќе работат совесно и да ги едуцираме сопствениците на домашни миленици како во целост да ја преземат обврската да се грижат за оние кои немаат глас да проговорат.

Визијата на Pets.mk е Македонија да стане заедница каде што милениците добиваат соодветна грижа, а бездомните животни, наместо негрижа и тортура – шанса за дом и љубов“, вели новинарката Мери Јордановска, основач на Pets.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести