Драган Пароски, или чичко Драги кој сите го знаеме од тезгата на Рекорд, на која чесно си го заработуваше лебот и несебично го делеше со кучињата на улицата, овој пат има потреба од наша помош.
Неговиот апел, од болничкиот кревет од болницата 8-ми Септември го пренесуваме во целост:
„Драги пријатели, со голема надеж и искреност ви се обраќам за помош. Потребна ми е помош донации за операција. Се наоѓам во болница 8ми Септември, ќе ми прават две операции во понеделник. Операциите се неопходни за моето здравје и понатамошен живот, но за жал, се плашам дека трошоците ќе бидат многу високи за да можам сам да ги покријам, а и за терапијата која ќе треба да ја примам.
Секој придонес, без разлика на износот, многу би ми значел. Вашата хуманост многу ми значела до сега и ви се заблагодарувам, но сега мене сте ми потребни.
Доколку сте во можност да ми помогнете, ве молам на Банкарска сметка: 300007047016280.
Контакт: Филип Поп Стефанов.
Ви благодарим од срце за вашата добрина, поддршка и споделување на оваа порака.
Се надевам дека наскоро и повторно ќе се сретнеме на мојата тезга на Рекорд.
Ова е мојот број доколку сакате да ми пишете ве молам на вибер, бидејќи не можам да зборувам: 070614815,“ вели во апелот.














