Се огласи ПР-тимот на Камјакоски:„Киднаперите бараа 20.000 евра-по ноќта помината во полиција, сега е дома“

Веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на „Бетон хала“ во Белград е точна, потврдија од неговиот ПР-тим.

„Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома.

Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.

Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.

Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави,“ напиша неговиот ПР, Миланка Рашиќ на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград по музички настап-полицијата случајно го сопрела возилото во кое бил врзан

Фото/Кајмакоски-Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести