Податоците на Народната банка покажуваат дека девизните резерви на Македонија на крајот на јануари годинава биле 5.600,5 милиони евра.
Во однос на претходниот месец истите бележат зголемување за 675,3 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (8,4%).
Фото: Унсплеш














