(Фото) Моника Црнокрак петта придружничка на изборот за Мис на Европа 2026, Нела Јосифовска Miss Best Face

Викендов во Бејрут, Либан, во елитниот Event Centar „Quora” се одржа финалето на изборот за Мис на Европа 2026, на кој нашата претставничка Моника Црнокрак направи голем успех освојувајќи ја титулата Петта придружничка (5th RunnerUp), во конкуренција на 30 девојки од цела Европа.

Македонија имаше уште една претставничка, 18-годишната Нела Јосифовска, која исто така освои титула, Miss Best Face или најубаво лице на Европа за 2026 година. Победничка е претставничката на Русија.

Националниот фустан во кој се претстави Моника Црнокрак беше изработен специјално за овој настан од нашата модна креаторка Наташа Карчева.

Изборот за Мис на Европа и оваа година, веќе традиционално (од 2002 година) се одржа во организација на Style Events Organization од Бејрут, Либан, а лиценцата за Македонија со години ја поседува Модното студио Црнокрак, кое беше голема поддршка на нашите девојки за време на подготовките и во текот на целиот нивен престој во Либан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести