ТИТАН Усје: Грижата за животната средина е наша основна вредност

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, вклучувајќи болници, брани, патна и јавна инфраструктура, информираат од таму.

-Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје. Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, ги сфаќа сериозно овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање.

Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити.

Како членка на Групацијата ТИТАН, се придржуваме до најдобрите меѓународно признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи ја нашата долгорочнапосветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување.

Во текот на изминатите петнаесет години, инвестиравме повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и напредни еколошки технологии, а дополнителни 3 милиони евра се планираат до 2029 година.

Нашите приоритети остануваат јасни – силни партнерства, благосостојба на вработените и континуирана поддршка за заедницата, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести