Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информираше дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Од Министерството ги повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected].
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата,“ велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуација на македонските граѓани се разгледува и преку Оман
Фото: Unsplash













