Евакуирани првата група на граѓани од Израел, кои по копнен пат се упатија кон Египет

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информира дека првата група македонски државјани, евакуирани од територијата на Израел, кои по копнен пат се упатија кон Египет, со владин авион безбедно слетала во Скопје.

„Евакуацијата беше реализирана во координација со надлежните институции и со поддршка на дипломатско-конзуларните претставништва, при што организацијата на транспортот од Тел Авив до Шарм ел-Шеик, како и организацијата на владиниот лет до Скопје, целосно беше обезбедена од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерството и понатаму останува во континуирана комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените региони и продолжува со активностите за нивно безбедно и навремено враќање во државата. Се очекува во наредните денови да биде заокружен процесот на евакуација и на останатите лица кои изразиле подготвеност за извлекување,“ се вели во соопштението.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести