Mесец посветен на едукација, превенција и грижа за женското здравје во Клиника Жан Митрев

За женското здравје треба да се зборува отворено, одговорно и без стигма. Темите поврзани со телото, хормоните, репродуктивното и хормоналното здравје се суштински за квалитетот на животот на секоја жена.

Токму затоа во периодот од 8 март до 8. април, Клиника Жан Митрев ја спроведува кампањата „Здравје без стигма“, насочена кон подигнување на свеста и поттикнување јавен дијалог, опфаќајќи теми од разбирање на сопственото тело, преку репродуктивно и хормонално здравје, до долгорочна превенција, персонализирана грижа и одржување на здравјето низ сите животни фази, информираат од таму.

Во центарот на кампањата се специјално креирани промотивни пакети за женско здравје, осмислени да понудат навремена поддршка, рана детекција и сеопфатен пристап кон здравјето на секоја жена.

Пакетите се наменети како за жени кои сакаат да започнат со редовна превентивна грижа, така и за оние кои се наоѓаат во различни животни фази, од репродуктивниот период до перименопауза и менопауза и имаат потреба од стручна поддршка и темелна здравствена проценка на едно место.

Тие опфаќаат комбинација од гинеколошки прегледи, цервикален скрининг и хормонални анализи, како и дијагностички и лабораториски испитувања за проценка на хормоналниот статус, коскената густина и кардиоваскуларното здравје, овозможувајќи интегриран пристап кон превенцијата, следењето и унапредувањето на женското здравје.

Едукативната компонента е исто така значаен дел од кампањата. Во текот на месецот, преку каналите на социјалните мрежи на Клиника Жан Митрев ќе се објавуваат едукативни содржини и стручни совети од лекари и специјалисти, посветени на подобро разбирање на женското тело, хормоналните промени, репродуктивното здравје и значењето на редовната превенција.

На овој начин, кампањата има цел не само да поттикне преглед и навремена дијагностика, туку и да придонесе кон поголема информираност, самодоверба и отвореност во разговорот за теми што предолго биле занемарувани.

Дополнително, сите прегледи поврзани со женското здравје се достапни по промотивни цени во рамки на кампањата. 

Деталните информации и цените за пакетите и прегледите се достапни на линкот.

Кампањата се реализира во годината кога Клиника Жан Митрев одбележува 26 години постоење, продолжувајќи ја традицијата на посветеност кон современа медицина, превенција и унапредување на здравјето на пациентите, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести