Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, денеска прашан за информацијата објавена во грчки медиуми дека грчкиот амбасадор во Вашингтон, САД, имал увид во говорот на првата дама, Меланија Трамп, за Самитот во нејзина организација, за да спречи употреба на Македонија, а на кој присуствуваше и неговата сопруга Рози Мицкоска, рече дека не верува оти грчки дипломат имал таков увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не верувам дека грчки дипломат имал увид во говорот на Меланија Трамп, кажа Мицкоски
-Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД, пред таа да го каже во јавноста, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш САД имаат сериозен проблем во безбедносниот протокол.
А тоа што, претпоставувам, некој од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни, можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како дипломатски успех, тоа е друга тема.
Но, верувајте, од моето искуство, многу е тешко, да не речам, невозможно, некој надворешен да дојде до говорот на првата дама на САД, пред таа да ѝ го соопшти на јавноста. Така што, тие што го смислиле ова, мислам дека направиле неуспешна играна серија, рече Мицкоски.
Грчки медиуми објавија дека грчкиот амбасадор Андонис Александридис бил информиран за говорот на првата дама и „навреме реагирал да се користи“ новото уставно име на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сопругата на Мицкоски на самит во организација на Меланија Трамп
Фото: Влада













