Реконструирано хроничното одделение во Психијатриска болница Негорци

Целосно е реконструирано хроничното одделение во Психијатриска болница Негорци – Гевгелија.

Реконструкцијата опфати целосна обнова на кровната конструкција, поставени се комплетно нови врати и прозорци, и е направено репарирање на изолациската фасада.

Извршена е и целосна внатрешна реконструкција, реновирање на бањите и санитарните јазли, како и поставување соларни колектори и затоплување на вода со помош на обновливи извори на енергија.

Станува збор за објект со површина од 550 метри квадратни, а вкупната вредност на инвестицијата е над 16 милиони денари.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести