(Фото) Заловена рисица на планината Баба Сач, го доби името Благица

Од Македонското еколошко друштво (МЕД) информираа дека пред десетина дена, во соработка со кичевското здружение на ловци „Елен“, фатиле рисица на планината Баба Сач.

По повод Благовец, ловџиите ѝ го дале името Благица.

Станува збор за здрава единка, стара околу 4–5 години и тешка 17 килограми.

-Благодарение на соработката со Ветеринарниот факултет – Скопје, на терен со нас беше и ветеринар кој ја провери нејзината здравствена состојба (земање крв и брисеви, проверка за крлежи и сл.).

Оттогаш, ја следиме Благица и гледаме дека се движи на планините Баба Сач и Илинска-Плакенска, планини каде што никогаш досега не сме следеле рис со методот на радиотелеметрија.

Во меѓувреме, ловџиите од „Елен“ успеаја да најдат прв плен (срна), што потврдува дека по успивањето и ставањето околувратник, нејзината состојба е добра.

Останува да видиме дали наскоро ќе има принова. Тоа е од огромно значење за понатамошниот опстанок на рисот, поради што женките се позначајни за следење од мажјаците, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На Шара снимена мајка рис со младенче

Фото: МЕД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести