Во македонското Собрание денеска беше изгласан Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа по 3.000 денари месечно.
Целта е да се поттикне вработувањето во производствениот сектор.
Мерката се однесува на млади лица кои се веќе вработени или ќе засноваат работен однос во компании од производствена дејност, а услов е да имаат завршено најмалку средно образование.














