Попладнево љубителите на кафе во Концепт 37 беа изненадени со мали слатки подароци

Попладнево љубителите на кафе во скопското кафуле Концепт 37 беа изненадени со слатки мали подароци. На секоја од масите во кафулето беа оставени здрави закуски, заедно со порака за убав и успешен ден, со посвета од Виталиа.

На некого му се падна вкусен и здрав протеински бар, на некого солени крекери со супер-семиња, протеинско топче или пак некој од новите чипсови со различни вкусови. Но сите добија мал и грижлив подарок за поубав почеток на денот.

Дури и мал знак на внимание може некого да израдува, да го орасположи и да го направи посреќен. Токму тоа е пораката која суптилно ја испраќа Виталиа – дека грижата, поддршката и споделувањето го прават светот поубаво место за живеење. Затоа и денеска, не заборавајте да им покажете на другите луѓе дека ви значат, со тоа што ќе направите мал но специјален гест само за нив.

Навистина е добро кога во денот ќе додадеме малку добра енергија и здрава храна.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести