По 14. пат ограбен гробот на Ѓорѓи Ѓоргиев, загинат во „Пулс“, полицијата досега не уапси никој

Семејството на младиот тапанар на ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица, кој загина во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, за еМагазин потврди дека гробот на нивниот син е ограбен по 14. пат.

Досега иако ги пријавувале претходните кражби, полицијата не уапсила никого.

Последната кражба е снимена, а на видеото кое го објави на социјалните мрежи неговиот татко Драги Ѓорѓиев се гледа како жена зема работи од вечното почивалиште на Ѓорѓи.

-Не ни е за цвеќето. Еден камион ако треба ќе донесеме. Реагираме зошто овааа е непочитување на мирот на нашиот син, вели за еМагазин, мајката на Ѓорѓи, Зорица Ѓорѓиева.

Неговиот татко веќе еднаш самиот се справуваше со крадци од селото кое се наоѓа во близина на гробиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето не лечи, станува потешко, вели мајката на Џоко Ѓоргиев, кој загина во пожарот во Кочани

Родителите на тапанарот Џоко Ѓоргиев кој загина во пожарот во Кочани за еМагазин: Нема цена за нашето дете, сакаме правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести