Да гласаме за македонскиот диџеј Анастас, да настапи на светски познатиот фестивал „Untold” во Романија

Младиот македонски продуцент и диџеј Анастас е избран во престижната програма „Untold Creators by Visa”, организирана од светски познатиот фестивал „Untold” во Трансилванија, Романија – фестивал кој важи за трет најголем фестивал во светот.

Во конкуренција од дури 11.366 апликации од целиот свет, Анастас е еден од само 25. избрани диџеи кои добија можност да бидат дел од оваа интернационална програма. Ова е и прва година во која “Untold” отвора простор за интернационални артисти надвор од Романија.

Во рамки на програмата, учесниците работеа и учеа од светски познати продуценти и ментори од електронската сцена, а како финален продукт снимија свои авторски DJ сетови.

Во моментов е отворено официјалното гласање за најдобар DJ сет.

Овде може да гласате за Анастас: bit.ly.

Четворица од учесниците ќе добијат можност да настапат на фестивалските стејџови на Untold, додека еден од нив ќе настапи на главната сцена – пред десетици илјади луѓе – заедно со светски музички имиња како Sting, Martin Garrix, Kygo, Afrojack, Lost Frequencies и многу други.

Сега поддршката е најважна. Да му помогнеме на младиот македонски артист да стане дел од една од најголемите музички сцени во светот.

Aнастас е 26-годишен DJ и продуцент од Скопје, чие име сè почесто се појавува на регионалната и домашната електронска сцена. Во изминатиот период настапуваше заедно со имиња како Argy, Hugel и Andrew Meller, а беше и резидент DJ во „Станица 26” заедно со Галоски.

Неговата музика веќе е издавана за познати електронски лејбли како „Cafe De Anatolia”, „Garden of Dreams” а неговиот звук комбинира melodic house, organic elements и современа електронска продукција.

Ова е ретка можност млад македонски артист да ја претставува земјата на глобална сцена – и токму затоа секој глас може да направи огромна разлика.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести