Од Србија екстрадиран 19-годишниот Саит Саитов, кој прегази жена во скопски Капиштец и побегна од Македонија

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска од Србија во Македонија бил екстрадиран Саит Саитов (19) од Скопје.

Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година.

-На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за мажот и жената кои помогнаа Саит Саитов и татко му да побегнат од државата

Саитов Саит е момчето кое усмрти жена во Капиштец и избега од државата, МВР објави потерница

Во Белград уапсен 18-годишниот Саит Саитов, кој прегази и усмрти жена во Капиштец, по што избега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести