Која е Лина Ѓорческа, која е првата македонска тенисерка која ќе игра на главниот турнир на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е во фокусот на јавноста, откако стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во сингл-конкуренција на главниот турнир на Вимблдон.

Зад себе има бројни успеси, но оваа и е најголем, а воедно и е остварување на голем сон да учествува на еден гренд-слем турнир.

Која е Ѓорческа

Таа е најдобрата тенисерка во Македонија на сите времиња.

Родена е на 3. август 1994 година во Тетово.

Со тенис започнала да се занимава на 6-годишна возраст.

Има освоено над 50 титули во сингл и во двојки.

Има одиграно над 100 финални мечеви во сингл и двојки на турнири организирани од ИТФ.

Настапувала и во квалификациите на сите гренд-слем турнири, вклучувајќи го и Ролан Гарос, при што редовно стигнува до завршните кола на квалификациите.

Нејзиниот највисок ранг на листата на Женската тениска асоцијација (WTA) во поединечна конкуренција беше 170. место, кој сега може да го подобри.

За женската репрезентација на Македонија, Ѓорческа настапува од 2015 година.

Фото: Wimbledon TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести