
Која е Лина Ѓорческа, која е првата македонска тенисерка која ќе игра на главниот турнир на Вимблдон
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е во фокусот на јавноста, откако стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во сингл-конкуренција на главниот турнир на Вимблдон. Зад себе има бројни успеси, но оваа и е најголем, а воедно и е остварување на голем сон да учествува на еден гренд-слем турнир.



















