Сања Савеска: Волонтерството ми покажа дека и најмалата помош остава најголема трага – приклучете се на „Иднина која инспирира” на dm

Волонтерството не е само начин да му помогнеме на некого – тоа е можност да придонесеме за подобра заедница и истовремено да се менуваме и самите. Токму оваа порака ја носи платформата „Иднина која инспирира” на dm, која ги охрабрува граѓаните да споделуваат инспиративни волонтерски приказни, а здруженијата, организациите, институциите и другите регистрирани непрофитни правни лица да пријават проекти што можат да донесат позитивни промени во заедницата. Поддршка на оваа иницијатива ѝ дава и водителката Сања Савеска, која преку својата лична приказна потсетува дека секоја голема промена започнува со одлуката да се направи првиот чекор.

– Како дете верував дека ќе дојде време кога нема да има гладни деца. Токму таа мисла ме поттикна да станам волонтер во Црвениот крст, каде што поминав години работејќи со различни ранливи категории граѓани. Најмногу ме исполнуваа насмевките што ги создаваше и најмалата искрена помош. Тоа искуство ме научи дека секогаш можеме да направиме повеќе и дека промените започнуваат тогаш кога ќе одлучиме да се активираме. Затоа верувам во платформата „Иднина која инспирира” – затоа што ги поврзува луѓето кои сакаат да направат разлика – вели Савеска.

Токму пораката дека секој мал чекор може да биде почеток на голема промена е идејата што стои зад платформата „Иднина која инспирира“, создадена од dm. Преку оваа иницијатива компанијата сака да ги охрабри луѓето да не ја потценуваат моќта на сопствениот придонес, туку да се вклучат, да ги споделат своите инспиративни искуства и да станат дел од заедница која заеднички создава подобра иднина. Волонтерскиот ангажман може да го пријавите на следниот линк

Платформата е место каде што поединците можат да ги раскажат своите волонтерски приказни и преку личниот пример да инспирираат и други да се активираат. Истовремено, таа отвора можност и за здруженијата, организациите, институциите и другите регистрирани непрофитни правни лица да пријават проекти кои имаат потенцијал да донесат позитивни промени во заедницата. Пријавувањето на проектите може да се пријави на следниот линк

Конкурсот е наменет за проекти што вклучуваат волонтерски ангажман на граѓаните или нудат јасно дефинирана можност за нивно активно вклучување. По завршувањето на јавниот повик, стручна комисија ќе ги избере проектите што ќе добијат финансиска поддршка од dm, со цел добрите идеи да прераснат во конкретни активности со долгорочно позитивно влијание.

Во фокусот на иницијативата се три области кои имаат потенцијал да придонесат за подобро и посолидарно општество – поттикнување на солидарноста и активниот општествен ангажман, создавање еднакви можности преку инклузија, образование и личен развој, како и грижа за животната средина преку одговорно и одржливо дејствување.

Савеска ги повикува сите што имаат идеја која може да направи разлика да не дозволат таа да остане само добра замисла.

– Секој од нас може да биде инспирација за некого. Понекогаш е доволен само еден чекор за да започне нешто многу поголемо. Ако имате идеја што може да донесе позитивна промена, не ја оставајте само на хартија – претворете ја во дело – порачува таа.

Пријавувањето е отворено до 31 јули, а сите заинтересирани здруженија, организации, институции и други регистрирани непрофитни правни лица можат да ги поднесат своите проекти преку платформата „Иднина која инспирира“. Воедно, сите граѓани кои зад себе имаат инспиративно волонтерско искуство можат да ја споделат својата приказна и со тоа да мотивираат уште повеќе луѓе да станат дел од позитивните промени.

Во dm веруваат дека секоја идеја заслужува можност да прерасне во вистинска промена. Затоа платформата „Иднина која инспирира” не е само повик за пријавување проекти, туку повик за создавање заедница во која добрината, солидарноста и активното граѓанство стануваат инспирација за подобра иднина за сите.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести