Српски „Јасмин“ презема четири продавници на македонски „Космо“

Јасмин ДОО Белград, Србија, има намера да стекe контрола врз друштвото за трговија и услуги Јасмин парфимерија ДООЕЛ Скопје преку купопродажба на удели, информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Јасмин ДОО Белград работи во трговија на мало со козметички и тоалетни производи во специјализирани продавници. Мнозински содружник во Јасмин Белград, со удел од 75%, е Радикс ДОО Белград.

Јасмин парфимерија ДООЕЛ Скопје работи во трговија на големо и мало со парфимериски и козметички препарати. Единствен содружник на Друштвото е друштво за трговија и услуги Матосс гроуп ДОО Скопје.

Македонското друштво има склучено преддоговор за пренос на целиот удел на српското, со што тоа ќе стекне единствена контрола.

Другата страна во трансакцијата е Друштвото за трговија на големо и мало и услуги Тинекс-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје кое преку своите подружници Космо Тинекс дрогерии кои работат под трговскиот знак „Cosmo“, врши трговија на мало со парфимериски и козметички препарати, средства за лична хигиена, средства за хигиена на домот и други производи за широка потрошувачка.

Имено, како што објаснуваат од КЗК, Јасмин парфимерија Скопје ќе стекне единствена контрола врз
функционално определен дел од претпријатието на Тинекс-МТ, односно Јасмин парфимерија Скопје ќе го преземе работењето на четири деловни единици – Космо Тинекс дрогерии, кои како подружници работат под трговскиот знак „Cosmo” (“Целен бизнис”), заедно со залихите на готови производи, опремата и мебелот што се наоѓаат во нив.

Преземените продавници ќе продолжат да работат под нов, различен бренд.

Учесниците во концентрацијата предвидуваат, најпрво да се спроведе преземањето на работењето на четирите деловни единици – продавници од страна на Јасмин парфимерија Скопје, а потоа целокупниот удел во Јасмин парфимерија Скопје од Матосс гроуп Скопје да се пренесе на Јасмин Белград.

Двете правни работи се меѓусебно условени делови на единствена операција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е косовски Проекс интернационал кој го купува Тинекс

Косовски Проекс интернационал ги купува маркетите на Тинекс

Фото: Космо/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести