Македонското друштво за трговија на мало Тинекс маркет ДООЕЛ Скопје може да добие нов сопственик.
Имено, како што информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), Проекс интернационал
Л.Л.Ц. од Приштина, Косово, има намера да стекe контрола врз македонскиот ланец на маркети.
За преземањето зелено светло треба да даде КЗК.
Од таму објаснуваат дека врз основа на писмо за намери и рамка за трансакцијата од 2. јули склучена
помеѓу друштвото за трговија на големо и мало и услуги Тинекс-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, како продавач и Проекс интернационал како купувач, двете страни се согласиле за главните комерцијални услови и структурата на предвидената трансакција поврзана со стекнување од страна на купувачот на малопродажниот бизнис на супермаркети што моментално го управува Тинекс-МТ во Македонија, меѓу другото – Тинекс, СуперТинекс, Тинекс Деликатес, Конто и Спот (Бизнис).
Тинекс-МТ по потпишувањето на писмото за намери и рамка на трансакцијата, на 14. јули го регистрирал Тинекс маркет ДООЕЛ Скопје, кој е наменет да служи како средство за стекнување и работење на Бизнисот.
На Тинекс маркет ќе му се стави на располагање Бизнисот или релевантните делови од Бизнисот во согласност со главните услови договорени во писмото и како што ќе бидат дополнително регулирани во преддоговорот за купопродажба на удел и дефинитивната документација за трансакцијата.
Која е Проекс Интернационал
Главна дејност на од Проекс интернационал е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутунски производи.
Проекс интернационал и Групата на која припаѓа Проекс интернационал немаат поврзани субјекти регистрирани во Македонија, ниту оствариле било каков приход на пазарот во земјава во 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е косовски Проекс интернационал кој го купува Тинекс
Српски „Јасмин“ презема четири продавници на македонски „Космо“
Фото: Унсплеш














