Пет македонски семејства побарале помош од конзулатот во Солун поради пожарите на Халкидики

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ([email protected])(mailto:[email protected]), како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

„Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти,“ апелираат од Министерство.

Огромен пожар вчера избувна околу Сивири, познато туристичко летувалишта на првиот крак на Халкидики, од каде што туристите и мештаните беа евакуирани и згрижени во Солун.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести