Вчера бил најтежок ден во борбата со пожарите оваа лето, информираше денеска Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Најтешка била ситуацијата во пелагонискиот регион, бидејќи огнот ги загрозил селата Ивањевци, Лозани и Новоселани.
„Доцна попладнето пристигнавме во село Лостени, и она што го затекнавме беше застрашувачко. Огнот беше на само 50 метри од куќите, и имаше зафатено висока сува трева и се движеше кон куќите. На лице место гаснеа пожарникарите но борбата беше многу тешка, бидејќи линијата на огнот беше многу голема.
Голем допринос во гаснењето даде локалното население, а беше ангажиран и тим за брзо распоредување, составен од 20 припадници на доброволното друштво „Архангел“ од Битола, кои помогнаа во гаснење на преостанатите линии,“ изјави Ангелов.
Тој посебно се заблагодари до локалното население кое несебично се борело со огнот во околината, и истакна дека има едно хоспитализирано лице од изгореници добиени при гаснењето на пожарите.
„Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце (Александар Чепиговски) од селото Ивањевци кој покажа извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајки се на голем ризик орајќи директно низ линијата на огнот со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места,“ рече Ангелов.
Критично било и во Богомила каде што огнот се приближил до куќите, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите и локалното насление најпрво го локализирале, а потоа и целосно го изгаснале.
Фото: Unsplash














