Симеон Михаилов од Кочани, кој извесен период е недостапен за надлежните органи, а за кого има и меѓународна потрерница од Министерството за внатрешни работи, бидејќи е осуден како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство, се појави на протест пред македонската Амбасада во Софија, Бугарија, а потоа даваше и изјави за бугарските медиуми.

Имено, тој е татко на Ива Михаилова, на која моментално и се суди за учество во сообраќајна несреќа, во која едно лице почина.
Нејзиното судење предизвика голем интерес во Бугарија, а тамошните медиуми и политичари го драматизираа случајот, а татко и се појави пред македонската Амбасада на протест за нејзина подршка.
Денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува Бугарија да го екстрадира Михаилов во Македонија.
-Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството. Ние сме партнери со источниот сосед во рамките на НАТО. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачааат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата, рече тој.
Фото: БТВ/МВР














