Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап до производи што одговараат на високите функционални и ергономски барања на нивната професија.

Почетокот на работата е одбележан со специјални поволности на дел од понудата, кои ќе важат до 5 септември. Во овој период, Revolution Tech ќе биде достапен со 20% попуст, Dickies EDS Signature со 25%, Revolution комплетите со 10%, машките и женските модели Core Stretch со 20%, Birkenstock со 20% и Fly Flot со 10% попуст, додека 10% попуст ќе важи и на сите комплети медицински униформи.

Во медицинската професија квалитетот на материјалите, соодветниот крој, издржливоста, удобноста и слободата на движење директно придонесуваат за подобра подготвеност во текот на денот. Токму врз оваа потреба Јосиба Медикал ја гради својата улога како специјализиран и доверлив снабдувач кој ги препознава реалните потреби на здравствените професионалци.

„Здравствените работници секојдневно носат голема одговорност и најголемиот дел од работниот ден го поминуваат во движење, целосно посветени на грижата за другите. Затоа сметаме дека опремата што ја носат мора да им обезбеди сигурност, удобност и функционалност во секој момент. Нашата амбиција е Јосиба Медикал да биде долгорочен партнер на медицинската заедница – снабдувач што внимателно ги слуша професионалците, ги следи современите стандарди и постојано ја унапредува понудата според нивните реални потреби“, велат од Јосиба Протект.

Посебно внимание е посветено и на студентите кои ја започнуваат својата професионална подготовка. За нив Јосиба Медикал обезбедува 20% попуст еднаш годишно за медицински мантил и униформа, при што двата производи не мора да бидат купени истовремено. Оваа поволност е замислена како поддршка за идните медицински кадри уште од почетокот на нивното образование и практична работа.

Јосиба Медикал е коципиран така што на медицинските професионалци и студентите им овозможува на едно место да разгледаат, споредат и пробаат различни модели и да изберат решение соодветно на нивната работна динамика. Селекцијата на брендови и модели е насочена кон функционалност, трајност и удобност, а понудата ќе се развива континуирано, во согласност со повратните информации и потребите на здравствените работници.

Зад Јосиба Медикал стои Јосиба Протект, компанија со повеќе од три децении искуство во производство и продажба на лична заштитна и професионална опрема. Јосиба Медикал претставува стратешко проширување на оваа експертиза во специјализиран сегмент наменет за здравствените работници. На тој начин, долгогодишното познавање на стандардите за заштита, функционалност и издржливост се пренесува во понуда создадена за специфичните услови и секојдневни предизвици во здравствениот сектор. Во следниот период портфолиото ќе се надополнува со нови производи и категории.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести