Македонскиот ракометен клуб Алкалоид го освои Европскиот куп на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Од европската Федерација конечно донесоа одлука за неодигрувањето на вториот натпревар од финалето помеѓу Алкалоид и грчкиот клуб АЕК, откако пред неколку дена управата на клубот не им дозволи на грчките играчи да излезат на терен во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
ЕХФ донесе одлука неодиграното финале да го добие Алкалоид со службени 10-0.
„Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со случајот отворен откако беше откажан реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, првично закажан за 25. мај 2025 година во Скопјe.
Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да игра на закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен“, велат од ЕХФ и објаснуваат како е донесена одлуката.
„Судот одлучи на следниов начин: Резултатот од реваншот од финалниот натпревар на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, меѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, се регистрира со 10-0 за РК Алкалоид. Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 25-29.
РК Алкалоид е затоа победник на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула.
Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивно дејство.
Одлуката што се разгледува само ги опфаќа аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето.
Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек. РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мукаетов: РК Алкалоид ги исполни сите барања, се надевам на правилна одлука на ЕХФ
Грчки АЕК истата “финта“ ја направи и со српски Партизан
ЕХФ наместо одлука поведе постапки за Алкалоид и АЕК
Фото: РК Алкалоид