На престојното Собрание на акционери, кое треба да се одржи на 27. февруари, една од предлог одлуките е и назначување на членови на Надзорниот одбор (НО) на Банката.
Како што информираа од таму преку Македонската берза за нови членови на НО се предлагаат, Давор Мацура, дипломиран економист, кој е сопственик на Алта груп ДОО Белград, Србија и Алта банка АД Белград, Уна Сикимиќ дипломиран економист, која е претседател на Управниот одбор на Алта банка Белград, Татјана Куљак, дипломиран економист, исто така член на УО на Алта банка Белград, Вељко М. Мијушковиќ, дипломиран економист, кој е предложен за независен член, а е професор на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, и Горан Коевски, исто така предложен за независен член, а е професор на Правниот факултет „Jустинијан Први“ при Универзитет „Св. Kирил и Методиј“ во Скопје.
На Собранието исто така ќе се разгледува и предлог-одлуката за разрешување на моменталниот состав на НО во кој членуваат Гордана Гацева, која е претседател и независен член, Борислав Атанасовски, член, Стевчо Јолаковски, член, Игор Камбовски, член и Антони Пешев, независен член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела лани Алта банка Битола
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола













