Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во првото полугодие

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата.

Цената на акцијата во периодот јануари – јуни 2025 година се движеше од 24.000 до 31.099 денари или просечно 28.140,53 денари за една акција, што претставува раст од 39% во споредба со просечната цена на акцијата во истиот период од 2024 година.

-Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со Друштвото и на генералниот тренд на движење на глобалните и на регионалните берзи, велат од компанијата.

На 30.06.2025 година акциите на Алкалоид беа во сопственост на 6.270 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 39,7 милијарди денари.

На 1. април 2025 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2024 година во износ од 901.752 илјади денари.

Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2025 година започна исплатата на дивидендата во износ од 630 денари бруто, односно 567 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2024 година е поголема за 16,67% во однос на исплатената дивиденда од акција за 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид со раст на консолидираните приходи и добивка во првото полугодие

Инвестиции од 615,1 милиони денари и 21. ново вработување во Алкалоид во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести