Бугарија е во фокусот на светските медиуми откако беше објавено дека авионот со кој во земјата дојде претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, бил цел на хибриден напад, за што беше обвинета Русија, која го демантираше тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според бугарскиот премиер Росен Жељасков, како што пренесуваат бугарските медиуми, авионот неможел да слета на аеродромот во Пловидив на 31. август, поради мешање поврзано со радио-електронската војна што ја водат двете страни над Украина.
Тоа според него влијаело на радиофреквенцискиот спектар на ГПС сигналот, кој го емитуваат сателитите што се наоѓаат речиси 20 километри над Земјата.
Според него, овие пречки не се насочени кон еден или друг воздухопловен објект.
-Ова во овој конкретен случај го утврдил екипажот на летот, изјави Жељасков, кој рече и дека нема да има истрага за инцидентот.