Активни и под контрола по седум пожари

Денеска во Македонија се активни седум, а истолкав број се под контрола, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, во село Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, во селото Црешнево во Општина Македонски Брод, во штипските села Драгоево и Селце, во кочанското село Нивичани, во селото Јунузлија во Општина Карбинци, и во селото Гумалево во Општина Зелениково.

Под контрола се пожарите меѓу прилепските селата Царевиќ и Смолани, во местото Радобилски Рид, во селото Латово, на местото Маркова Стапалка, помеѓу селата Локвица и Крапа, кај селото Грешница во Општина Македонски Брод, во ресенското село Долно Перово, и меѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино.

Во изминатово деноноќие имало 33 пожари на отворен простор.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести