Денеска во Македонија има три активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде од вчера освен екипи од земјава, во гаснењето учествува и чешкиот хелокоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари со повеќе возила, помеѓу селата Галиште и Ќесендре во Општина Кавадарци, каде гори мешана шума и нискостеблеста вегеетација и кракот од пожарот кон селото Градешница во Општина Новаци.
Под контрола е ставен пожарот во Општина Карбинци, кај селото Јунузлија.
Фото: Влада