Алатки за вештачка интелигенција користат 45,4% од младите во Македонија

Во Македонија 45,4% од младите на возраст од 16 до 24 години лани користеле алатки за генерирана вештачка интелигенција (ВИ), објави Евростат.

Во регионот ВИ користат 65,4% од младите во Босна и Херцеговина, 58,2% во Хрватска, 50% во Бугарија, а 47% во Србија.

Во Европската унија пак ВИ најмногу користат младите во Грција – 83,5%, а европскиот просек е 63,8%.

Младите користат ВИ најчесто за приватни цели – 44,2%, за помош во образованието – 39,3%, а за професионална потреба 15,8%.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести