Со потерница за злоупотреби во приватната клиника „Интернешнл Медикер“, (поранешна „Санте Плус“, која има болница и во Македонија), во Албанија се бара 45-годишниот Билал Кара, еден од сопствениците на клиниката, кој од 2023 година е почесен конзул на Македонија во Измир, Турција.
Според тамошните медиуми сметката на клиниката е блокирана, откако биле пронајдени индиции дека не пријавила профит во вредност од околу еден милион евра, а полицијата открила и сериозни неправилности, меѓу кои издавање и продажба на лекови со истечен рок, како и дистрибуција на шверцувани медицински производи.
Кај пет вработени пак било утврдено дека работеле без здравствено и социјално осигурување.
Фото: Санте Плус