Еден од двајцата нови потпретседатели на опозициската СДСМ е лекарот Александар Трајановски.
Тој на последните локални избори беше кандидат на партијата за градоначалник на Општина Аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јована Тренчевска и Александар Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ
Другиот нов потпретседател на СДСМ е актуелната пратеничка на партијата, Јована Тренчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Јована Тренчевска, новата потпретседателка на СДСМ
Кој е Трајановски
Роден е на 03.12.1980 година во Скопје.
Во 2006 година дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Во 2008 година започнал со приватна специјализација по ортопедија.
Во 2011 година почнал да работи на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Во 2012 година се здобива со звањето специјалист ортопед.
Во 2013 година добил стипендија за едномесечен едукативен престој за артроскопија на колено и рамо во болницата Аџибадем Истанбул, во Турција. Едукацијата ја продолжил со стипендија и едномесечен едукативен престој на истата област во Универзитетскиот Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија, во 2015 година.
Во 2016 година го започнал III циклус на докторски студии по медицина на Медицинскиот факултет, при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.
Во периодот од 2017 до 2019 година ја завршил субспецијализацијата по трауматологија на Медицинскиот факултет, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, и се здобил со звање субспецијалист трауматолог.
Тој е лиценциран судски вештак во областа ортопедија и трауматологија.
Трајановски е член и на Македонско ортопедско трауматолошко друштво – МАДОТ.
Во октомври 2020 година беше назначен за вршител на должност – медицински директор на ТОАРИЛУЦ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Јована Тренчевска, новата потпретседателка на СДСМ
Фото: Фејсбук/Трајановски














