Кој е Александар Стојкоски, старо-новиот градоначалник на Ѓорче Петров

Александар Стојкоски, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, доби втор мандат во првиот круг од локалните избори да ја води Општина Ѓорче Петров.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.

Кој е Стојкоски

Во октомври 2021 година, кога за првпат беше избран за градоначалник на функцијата дојде од ЈЗУ Универзитетски Институт за Радиологија каде што работел како специјалист радиолог и асистент – докторанд на Медицинскиот факултет по предметот Радиологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

Своето основно образование го завршил во основното училиште „Страшо Пинџур“.

Средно образование завршил во „Раде Јовчевски Корчагин”.

Дипломирал на Медицинскиот Факултет во Скопје во декември 2007 година.

По дипломирањето, во 2008 година се запишал на специјализација по радиологија.

Во периодот од септември 2012 до ноември 2012 престојувал на Универзитетот во Мичиген – САД, усовршувајќи се во областа на радиологијата.  

Професионална кариера

Како лекар специјалист радиолог работел од 2013 година, а во 2020 година запишал докторски студии (трет циклус) на Медицинскиот Факултет – Скопје.

Политичка кариера

Во периодот од април 2009 до мај 2014 година, Стојкоски ја извршувал функцијата претседател на Советот на Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од мај 2014 до декември 2016 година ја извршувал функцијата пратеник во Собрание на Македонија.

Тој е татко на две деца.

Љубител е на природа, планинарење и пешачење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода

Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица

Кој е Кирил Пецаков, старо-новиот градоначалник на Охрид

Фото: Фејсбук/Стојкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести