Универзитетот „Аристотел“ во Солун доби нова катедра – „Александар Велики и неговата ера“.
Истата како што пренесуваат грчките медиуми во следните три години ќе ја финансираат Здружението на индустрии на Грција, Здружението на извозници на Грција, Трговската и индустриска комора на Солун, Трговската комора на Солун, Занаетчиската комора на Солун и Секторот за Македонија и Тракија при Министерството за внатрешни работи на Грција.
На катедрата систематски и документирано ќе се истражува историјата за Александар Велики.
Истата ќе нуди истражувачка дејност и настава на додипломско и постдипломско ниво, како и активности како што се организирање конференции, семинари и предавања, создавање дигитална платформа со истражувачки и едукативни материјали, како и организирање летни школи и едукативни екскурзии.
Фото: еМагазин