Вториот обид за преземање на македонската банка Стопанска банка АД Битола последниве години е успешен. Банката доби нов сопственик – српската Алта банка АД Белград.
Како што информираа од српската банка, понудата за преземање ја прифатиле 262 акционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алта банка купи 344.420 акции, кои претставуваат 88,09% од вкупниот број на акции на Стопанска банка Битола, а како што веќе пишуваше еМагазин, понудата ќе се сметаше за успешна ако се продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03% од вкупниот број.
Алта банка нудеше 3.777 денари за акција.
Лани понуда за преземање на Стопанска банка Битола имаше и од страна на македонската Комерцијална банка АД Скопје, но истата беше неуспешна, бидејќи недоволен број на акционери сакаа да ги продадат своите акции.
Која е Алта банка
Во рамки на Алта груп функционираат Алта банка, институцијата за електронски пари Алта пеј, Алта лизинг и Алта менувачници.
Зад групацијата стои бизнисменот Давор Мацура.
Алта банка е основана во 1979 година како Јубмес банка.
Во 2020 година по промената на сопственичката структура го смени името во Алта банка.
Според официјалната страна на Банката сите акции се во сопственост на Алта пеј груп ДОО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка доби нов сопственик – Алта банка
Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола
Фото: Алта банка