На престојното Собрание на акционери на Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола), кое ќе се одржи на 27 февруари, една од предлог-одлуките е и избор на нов состав на Надзорниот одбор (НО) на Банката, информираа од таму преку Македонската берза.
На Собранието исто така ќе се разгледува и предлог-одлуката за разрешување на моменталниот состав на НО во кој членуваат Гордана Гацева, која е претседател и независен член, Борислав Атанасовски, член, Стевчо Јолаковски, член, Игор Камбовски, член и Антони Пешев, независен член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата веќе нема акции во Алта банка Битола, продадени акциите на Мијалков
Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Фото: Алта банка













