Амар Мециновиќ кандидат на Левица за градоначалник на Скопје

Пратеникот на опозициската Левица, Амар Мециновиќ е кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје за престојните локални избори на 19. октомври.

Од партијата најавија дека на овие локални избори ќе има рекорден број кандидати за градоначалници и советнички листи.

Досега неколку партии објавија кандидатури за оваа функција. Кандидат на владејачката ВМРО-ДПНМЕ е Орце Ѓорѓиевски, на СДСМ, Каја Шукова, на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, Скендер Реџепи-Зејд и на коалицијата Вреди, Башким Бакиу.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести