Амбасадата на Јапонија донираше дигитален мобилен рендген апарат за Клиниката за детски болести.
Станува збор за дигитален мобилен рендген апарат, во вредност над 60 илјади евра.
“Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти.
Изразувам длабока благодарност до Амбасадата на Јапонија, а особено до амбасадорката, Сецуко Кавахара, за нејзиниот личен ангажман и за долгогодишната, пријателска и плодна соработка. Оваа донација е уште еден доказ за силното партнерство меѓу нашите две земји и за вистинската грижа на Јапонија кон градење отпорен и хуман здравствен систем,“ изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Бесим Мемеди.
Амбасадорката Кавахара потсети дека во рамки на заедничката соработка веќе се имплементирани над 70 проекти во здравствениот сектор и истакна дека поддршката за оваа Клиника значи придобивка за пациентите од целата држава.
Фото: МЗ