Андон Сарамандов повторно ќе ја води Општина Гевгелија.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Сарамандов
Роден е на 30. ноември, 1981 година, во Гевгелија.
Основно образование завршил во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, а средно (Гимназија, Природно-математичка насока) завршил во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Дипломирал на Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работно искуство и политичка кариера
Пред да стане за првпат градоначалник во 2021 година работел во Државниот инспекторат за земјоделство.
Во 2017 година е избран за член на Советот на Општина Гевгелија, од листата на ВМРО-ДПМНЕ.
Приватно
Порано бил кошаркар. Бил член на кошаркарскиот клуб „Кожув“, а една деценија и организатор на турнирот во кошарка „Гевдион“.
Учествувал во повеќе хуманитарни акции, а во периодот од 2007 до 2011 година, по повод христијанскиот празник Бадник ја организира хуманитарната акција за социјално-загрозените семејства во Општина Гевгелија, стои во неговата биографија.
Во периодот од 2004 до 2008 година работел на промоција на млади артисти.
Оженет е и е татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сотир Лукровски, новиот градоначалник на Карпош
Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга
Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица
Фото: Фејсбук/Сарамандов














