Обвинителот Анел Фидоски е новиот шеф на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
Тој доаѓа на местото на Гаврил Бубевски, кој исто така беше кандидат за оваа позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анел Фидоски избран за нов шеф на ОЈО Скопје
Фидоски беше избран од страна на Советот на јавните обвинители со седум гласови.
На кои случаи работел
Еден од предметите на кои работел е тој за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“.
Беше обвинител и во случајот „Тенковски делови“ против поранешниот премиер Владо Бучковски, кој застаре поради префалификација на делото.
Фидоски беше дел и од постапката против повеќе лекари и членови на комисии во случајот со малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи помош од државата за лекување во странство.
Фото: Фејсбук/Фидоски














